Free songs
Home / природен лек / Ако ве мачи тахикардија – ова помага и лечи

Ако ве мачи тахикардија – ова помага и лечи

Ако досега сте биле убедени дека забрзаниот пулс можете да го смирите единствено со лекови – сте биле во заблуда. Најновото истражување покажало дека вообичаената храна која ја консумираме, како сувото грозје и бананите, можете да го намалуи бројот на отчукувања, како вежбањето јога.

srcev-udarНормалниот пулс кај возрасните лица изнесува помеѓу 60 и 100 отчукувања во минута. Со споменатите отчукувања го мериме ритамот на срцето, како и силата на протекот на крвта. Високиот број на отчукувања, имено познат како тахикардија (повеќе од 100 отчукувања во минута кај возрасните) може да доведе до болести на срцето, мозочен удар како и болести на бубрегот и да предизвика симптоми како што се потење, мачнина или повраќање. Ако забрзаниот пулс сакате да го намалите по природен пат, пробајте да консумирате банани и суво грозје.

Бананите се одличен извор на калиум. Лекарите порачуваат: калиумот е исклучително важен за одржување на ниското ниво на отчукувања на срцето. Симптомите на недостиг на калиум вклучуваат грчеви во мускулите и недостиг на енергија, што може да доведе до неправилно работење на срцето. Бананите содржат 400 мг калиум во 96 калории. Тоа е 11 отсто од дневните потреби. Бананите имаат помалку од 1 мг натриум, што ги прави вредна храна за луѓето кои мораат да консумираат намалено ниво на натриум.
Сувото грозје е, како бананата, исто така богато со калиум, а го содржи повеќе од 1000 мг, што претставува една третина од дневните потреби. Сувото грозје има ниско ниво на натриум: 60 мг по оброк.

Срцето не ги сака алкохолот и кафето

Ако сакате да го избегнете забрзаниот пулс, секако би требало да го избегнувате консумирањето алкохол и кафе. Консумирањето на пијалаците кои содржат кофеин како чајот или, пак, чоколадата можат да ги зголемат отчукувањата на срцето. Со исфрлањето на кафето од вашето мени ќе овозможите стабилизација на срцевиот ритам.

Јогата докажано ги намалува отчукувањата на срцето

Јогата, медитацијата и другите техники на опуштање исто така можат да го намалат бројот на отчукувања на срцето. Ако сакате да вежбате дома, набавете аудио или видео снимка со релаксациски техники. Кој било вид на истегнување или опуштено вежбање го смирува пулсот.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top