Home / Болести и лечење / Што зборува болката во одредени органи? Проверете и ќе се изненадите

Што зборува болката во одредени органи? Проверете и ќе се изненадите

Идејата или теоријата дека секој сам себеси си создава болести повеќе не се вбројува во екстремна алтернатива на која западните лекари превртуваат со очите во неверување.

„Како размислуваш, колку се плашиш, колку веруваш или не веруваш, колку си подготвен да се бориш и прифаќаш“, сето тоа некаде се „запишува“ на телото.Organizam1

Ваквиот опис на болки и болести и нарушувања може да ви помогне за подобро да го разберете своето тело и своите мисли и нивната поврзаност. Секако дека секој човек е единка сам за себе, иако за повеќето вреди следното:

Глаболки – се појавуваат кога се казнувате себеси. Мигрените ги имаат оние кои сакаат да бидат совршени и самите го создаваат притисокот под кој живеат. Има тука и многу потиснат бес.

Синуси – доколку ви прават проблем, можеби во животот ве иритира некој кој ви е многу близок. Можеби ќе имате чувство дека тој ве „нападнал“.

Очи – проблемите со очите укажуваат дека постои нешто што за себе, своето минато или за иднината не сакате да го видите. Негирањето и желбата да „не го гледате“ тоа што се случува, предизвикува проблеми со видот.

Слух – проблемите зборуваат дека постои нешто што не сакате да го слушнете. Болката во увото вели дека во вас има бес поради нешто што сте го слушнале. (Дали сте забележале дека партнерот на личност која многу зборува има проблеми со слухот?)

Коса – косата е сила. Кога сте напнати и исплашени, создавате „желези пранги“ кои почнуваат во мускулите на рамениците и се шират кон врвот на главата, а понекогаш и на подрачјето околу очите. Косата расте на тој врв и ако постои напнатост која подолго трае, скалпот се собира, косата не може да дише и затоа умира и паѓа. Настанува ќелавоста.

Глава – кога нешто не е во ред со главата, тоа значи дека чувствувате дека нешто не е во ред со вас. Главата ја покажувате на светот и по неа ве препознаваат.

Врат и грло – вратот ја претставува вашата способност да бидете флексибилни во размислувањето да можете да ја согледате другата страна и да го видите гледиштето на другите луѓе. Кога имате проблеми со вратот, значи дека сте биле тврдоглави во проценувањето на својата ситуација, уверени дека таа ваша гледна точка е единствено исправна. Грлото претставува способност да го кажете тоа што го мислите, да го барате тоа што го сакате. Кога ве боли грлото, тоа главно значи дека мислите дека имате право на таков став. Не се заземате за себе и сте го потиснале бесот. Ларингитот значи дека сте толку налутени, дека не можете дури ниту да зборувате. Грлото е и креативниот протек низ телото. Ако вашата креативност е загушена, можно е да имате проблеми со грлото. Исто така, ако се обидувате да се промените и сте среде промени, ќе забележите промени во грлото.

Раце – претставуваат способност да ги опфатите сите животни искуства. Горниот дел е поврзан со способностите, а долниот со вештините. Старите емоции ги чувате во зглобовите, а лактовите претставуваат флексибилност во менувањето на правците во животот. Секој прст има свое значење. Ако го исечете показалецот, во вас бесот и стравот се поврзани со егото во моменталната ситуација. Палецот претставува загриженост, средниот прст секс и бес, домалиот заедништво и тага, а малиот прст има врска со семејството и претворањето.

Грб – ако имате проблеми со грбот, може да значи дека чувствувате дека околината не ве поддржува доволно. Горниот дел на грбот има врска со чувствата на недостиг на емоционална поддршка (сипругот, сопругата, шефот не ве разбира). Средниот дел е поврзан со чувството на вина – кога боли, се плашите да погледнете што е зад вас. Стравот дека нема да имате пари, дека ќе живеете во сиромашија е изразен во болките во долниот дел од грбот.

Бели дробови – претпоставуваат способност на давање и земање во животот. Ако имате проблеми со белите дробови, можно е да се плашите да го земете тоа што ви треба или можеби чувствувате дека немате право да живеете живот како што сакате.

Гради – се мајчински принцип. Ако имате проблеми со градите, тоа обично значи дека сте претерале со мајчинскиот, заштитнички став кон некоја личност, место, работи или пак искуство.

Срце – претставува љубов, а крвта радост. Срцето пумпа радост низ телото. Кога во животот себеси ќе си ја скратите радоста и љубовта, вашето срце се собира, се брчка и станува „ладно“. Резултатот е побавен протек на крвта и е отворен патот кон анемијата, ангина пекторис или инфарктот. Луѓето кои преживеале срцев удар никогаш не се радувале во животот.

Желудник – ги вари сите ваши нови идеи и искуства. Ве боли желудникот. Што или кого не можете да сварите? Или, кои се тоа нови искуства што не можете да ги асимилирате. Исплашени сте.

Нозе – носат низ животот. Проблемите со нозете често укажуваат дека постои страв од движење, да се оди напред или двоумење да се тргне во одреден правец. Кога нешто сакате да правите, ќе почувствувате проблеми со нозете.

Колена – се флексибилност. Како и грбот. Изразуваат и способност на прилагодување, гордост, его, тврдоглавост. Кога ќе ве заболат колената запрашајте се каде сте така тврди, непопустливи, одбивате да се адаптирате.

Стапала – се поврзуваат за разбирањето на себеси и на животот околу себе, минатото, сегашноста и иднината.
Кожа – ја претставува вашата индивидуалност. Кога имате проблеми со кожата, чувствувате дека на некој начин сте загрозени, дека другите со вас владеат.

Премногу килограми – претставуваат потреба за заштита. Дебелите луѓе бараат заштита за да не бидат повредени, понижени, критикувани, изневерени, измамени. Имаат страв од животот.

Болка – кој било вид болка зборува за чувството на вина. Вината секогаш бара казнување, а казнувањето е болно. Хроничната болка е хронично чувство на вина толку длабоко всадена така што човекот не е ниту свесен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top