Home / природен лек / За хемороиди, ПМС, против стареење итн – лекот е СУСАМ

За хемороиди, ПМС, против стареење итн – лекот е СУСАМ

Сусамот треба да се конзумира одвреме навреме бидејќи е одличен прочистувач на органите за варење. Исто така делува и кај оние кои имаат нередовна столица, а одличен е и во отстранувањето на цревните паразити и лечење на хемороиди пропратени со болка и крварење.

susamХемороидите пропратени со болки и крвавење најдобро се лекуваат со паста која се добива кога ќе измешате лажица сомелен сусам со две лажици вода и лажица путер и го намачкате местото.

Освен што делува за воспаленија и болки кај ревматски артритис и остеопороза на сите кои немаат доволно калциум во организмот им се препорачува смеса од една лажица сусам и 50 мл јогурт која треба во континуитет да се јаде секое утро на празен стомак. Покрај тоа што ги чува коските тој е добар и за кожата бидејќи го спречува настанокот на бактерии и акни, ја поттикнува работата на кожните хормони, ги намалува лузните, ја лекува сувата и ја штити чувствителната кожа.

Многу значаен производ е и за женското здравје. Калциумот од сусамот ги намалува болките и грчевите во нежните мускули и на тој начин ги олеснува тегобите од ПМС. Особено е важен во исхраната на трудниците бидејќи има седум пати повеќе калциум од млекото а познато е дека на жените во бременоста често им пропаѓаат забите.

Производот кој го забавува стареењето е најзастапен во блискоисточната,африканската и азиската кујна а во целиот свет се користи за подготовка на теста и колачи. Во Америка го користат како зачин за месото, во зеленчукот а темното сусамово масло е толку квалитетно што често се користи како замена за маслиновото и од него се прави маргарин.

Курир

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top