Home / природен лек / Простата, имунитет, несоница – тиква и нејзините семки – еве што лечат

Простата, имунитет, несоница – тиква и нејзините семки – еве што лечат

Семките од тиква се богат извор на витамини па поради тоа со години се користат во медицински цели. Освен тоа, науката потврдува дека имаат висока нутритивна вредност.

Во продолжение прочитајте неколку причини кои ќе ве натераат семките од тиква да ги вклучите во вашата секојдневна исхрана.

semki tikvaЗа здраво срце

Четвртина шолја од овие вкусни семки содржи половина од препорачаната дневна доза на магнезиум, што е навистина важно за срцето. Исто така, помага во контрола на крвниот притисок.

Го подобрува имунолошкиот систем

Освен што изобилуваат со магнезиум, семките од тиква се богат извор на цинк, што помага во регулација на имунолошкиот систем. На тој начин во голема мера се намалува ризикот од вирусни инфекции, настинки и грип. Истражувањата покажуваат дека тие го намалуваат хроничниот замор и депресија.

Здравјето на простата

Уште одамна е познато дека семките од тиква се важен дел од исхраната на мажите бидејќи имаат благотворно дејство на простатата. Истражувањата покажуваат дека тие поради големиот удел на цинк се особено важни за здравјето на мажите и неретко се користат во лекување на разни здравствени проблеми со простата.

Го намалуваат ризикот од дијабетес

Според истражувањата, семките од тиква помагаат во регулација на инсулинот и на тој начин ги спречуваат компликациите поврзани со дијабетес, како што е на пример оксидацискиот стрес.

Помага кај несоница

Јадењето семки од тиква неколку часа пред легнување, особено во комбинација со овошје, овозможуваат подобро излачување на мелатонин и серотонин, со што се подобрува регенерацијата во текот на спиењето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top