Home / бабини рецепти / Домашен лек за бронхитис од банана и топла вода

Домашен лек за бронхитис од банана и топла вода

Уште еден лековит марифет кој проверено делува против кашлица и бронхитис е кремата од банана. Особено делотворна е кај децата, но помага и за возрасни. Вкусна е, здрава и многу хранлива. Згора на тоа, благотворно делува и на желудникот.

bananalek1Состојки:
– 2 средно големи, зрели банани (најдобри се оние со кафени дамки)
– 2 лажици шеќер или мед
– 400 милилитри вода што врие

Подготовката е многу едноставна:
Излупете ги бананите и добро изгмечете ги со вилушка. Додајте шеќер и добро промешајте. Прелијте ја смесата со водата што врие, поклопете го садот и оставете ја да отстои 30-тина минути. Ако користите мед, додајте го на крај, откако смесата ќе се олади (медот ги губи својствата на високи температури). Можете, но и не морате да ја процедите смесата низ пластична цедилка. Лекот е готов и спремен за употреба.

365.com.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top