Исцрпени сте, бледи и лесно останувате без воздух? Можеби сега е време да ја направите вашата крвна анализа и да откриете дали страдате од недостаток на железо во крвта.
Зрно од какао за зголемување на железото во крвта..
Се пие или гризе 15 дена по едно зрно,а потоа се прави пауза од 2 недели..
Во случај да се има потреба од внес на железо се продолжува после поминатите две недели. (испробано)
Александра Ристеска
Анемијата се појавува кога во телото нема доволно железо, затоа што без железо телото не може да произведува хемоглобин. Во таков случај, кислородот не се разнесува доволно до сите клетки на телото и се појавува замор, истоштеност, слабост и блед тен на кожата.
Анемијата предизвикана од недостаток на железо се појавува многу почесто кај жените, особено во репродуктивната возраст, па затоа треба да се посветува поголемо внимание на внесувањето на железо.
СИМПТОМИ ЗА НЕДОСТАТОК НА ЖЕЛЕЗО
1. Исцрпени сте
2. Имате болни менструации
3. Бледи сте
4. Лесно останувате без воздух
5. Срцето ви чука побрзо од вообичаено
6. Синдром на немирни нозе
7. Главоболка
8. Чувствувате стрес, дури и кога не сте во стресна ситуација
9. Јазикот ви изгледа чудно
10. Невообичаена потреба за консумирање на мраз
Анемијата предизвикана поради недостиг на железо лесно може да биде избегната ако консумирате доволно храна богата со железо како свинскиот црн дроб, говедските бубрези, црвеното месо, рибата, брашното, јаткастите плодови, гравот и жолчката од јајце. Храна богата со железо е и спанаќот, леќата, јагодите, кивите, карфиолот, брокулите, компирите, доматите.