Честото користење гума за џвакање можеби е причина за смртта на Саматна Џенкинс (19) од Фелинфоул, во Велс, тврди патологот кој ја изврши обдукцијата.
Саманта починала во нејзиниот дом во јуни 2011 година откако ја загубила свеста. Претходно таа се жалела на главоболки, а истрагата покажала дека неочекуваната смрт предизвикала хипоксија (оток на мозочното ткиво) предизвикана од недостиг на сол, магнезиум и калциум.
Доктор Пол Грифит, искусен патолог на болницата Мористон, изјавил дека причина за нејзината смрт можеби е пречестото користење гума за џвакање без шеќер која има лаксативно дејство.
Тој ја анализирал „Тридент“, омилената гума за џвакање на починатата, и открил дека таа содржи засладувачи како сорбитол и аспартам, кои британската агенција за контрола на безбедноста на храната ФСА и надлежните органи во САД ги оцениле како безбедни. Грифит на главниот претрес истакнал дека 14 гуми за џвакање дневно одговараат на „значајно количество“ засладувачи, а ако Самата џвакала 16 парчиња дневно, тоа можело да придонесе за намалување на нивото на сол, магнезиум и калциум во организмот.
При обдукцијата, Грифит пронашол пет „големи парчиња“ светлозелени мастики во желудникот на Саманта, што никогаш претходно не му се случило.