Home / аларм / Дали ќе ве касне комарец – еве како ги бираат своите жртви

Дали ќе ве касне комарец – еве како ги бираат своите жртви

Има луѓе кои се ” имуни” на комарци и спокојно можат да го поминуваат слободното време надвор. Постојат меѓутоа други , кои се како магнет за овие инсекти .

320387_komarci-02-ifas.ufl_.edu_ff-300x274Микробиологот Роб Најт објаснува дека привлекувањето на комарците зависи од микроорганизмите на нашата кожа. Овие микроорганизми создаваат различни хемикалии кои се поатрактивни за комарците .

Во човечката кожа живеат еден трилион бактерии. Ова е само мал дел од вкупно стоте трилиони бактерии бактерии кои живеат во нас и имаат многу важна улога во регулирањето на мирисот на телото . Без бактерии човечката пот не би имала мирис .

За да се докаже кои видови микроби ги привлекуваат комарците , научниците замолиле 48 возрасни мажи да не пијат алкохол, јадат лук и зачинета храна во текот на 24 часа . Покрај тоа, тие требало да не се искапат и да носат синтетика, со цел да соберат цела колекција микроби по кожата. Потоа со помош на стаклени монистри , кои ги втриле во кожата на учесниците , научниците го ” собрале ” мирисот на мажите како мамка за комарци.

Мирисот на 9 од сите 48 мажи останал исклучително привлечен за комарците , а на 7 мажи пак не претставувал никаков интерес . Групата на ” привлечните ” доброволци имале 2,62 пати поголема концентрација на една обична бактерија во споредба со групата на луѓе кои привлекуваат комарци во нормална мера. “Атрактивните” имаат концентрација на оваа бактерија 3,11 пати поголема отколку кај непривлечните луѓе за комарците.

Научниците дошле до заклучок дека мирисот на некои луѓе е природно средство за привлекување или одбивање на комарците .

Направете замка за комарци – без хемикалии и на природен начин

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top