Состојки:
● 2 литри вода
● 5гр рендан ѓумбир
● 2 лажици сок од лимон
● 2 лажици мед
● прстофат мелена лута пиперка
● прстофат анис
Начин на подготовка:
Зовријте ја водата и пуштете ја да врие околу 5 минути, а потоа тргнете ја од оган и оставете ја малку да се разлади. Додадете ги сите останати состојки, затворете го садот и оставете целосно да се излади.
Важно е состојките да не се додаваат додека е водата сè уште врела како тие не би ги изгубиле своите лековити својства.
Најдобро е чајот да се пие полека во текот на денот или да се пие по една чаша од напитокот половина час пред оброците.
Дозата од два литра е доволна за еднодневна терапија за три личности