Новиот лек кој целно е создаден да лекува мигрена би можел да донесе пресврт во лекувањето на таа состојба, пишува британскиот „Дејли мејл“.
Новите инјекции им даваат надеж на стотици илјади луѓе кои страдаат од хронични мигрени, еден од најтешките облици на главоболка. Мигренозниот напад го предизвикуваат т. н. ЦГРП пептиди кои предизвикуваат болка, мачнина и повраќање кај мигрените, а новиот лек, исто така, белковина, дејствува така што се врзува со тие пептиди и ги „збунува“.
Во текот на истражувањето на 172 пациенти научниците утврдиле дека се постигнало „значајно намалување“ на бројот на часови и деновите поминати во главоболка.
Според Светската здравствена организација (СЗО) до четири отсто од возрасните имаат главоболки 15 или повеќе дена месечно.
ЦГРП се создава во мигрената и предизвикува отекување околу крвните садови во близина на тригеминалниот нерв. Тоа доведува до изразито болна главоболка понекогаш со проследена со нарушувања во видот или вртоглавица.