Home / бабини рецепти / Домашен лек – капки за опуштени вени

Домашен лек – капки за опуштени вени

PICT7739-68e23e-300x300Состојки

  • 100 гр сув невен
  • 100 гр жолт кантарион
  • 100 гр мајчина душица
  • 100 гр рузмарин
  • 100 гр семе од коприва
  • 1 литар ракија

Подготовка

Ова го пишувам како помош за сите оние кои имаат проблем со циркулација на крвта. Ова не е рецепт за храна, но сметам дека ќе помогне многу на оние кои имаат проблеми со попуштени вени како мене.
Овој рецепт, би го препорачала секој да си го направи дома. Од него нема зијан што би рекле постарите. На природен начин да си помогнеме на самите себеси.

pizap.com13804101673121-feb8e3-300x300Пишав по 100 гр. а правилниот рецепт е по една рака.
Не е битно, мала, голема рака.
Тревки се и природен лек е.
Во стаклен сад налеваме 1 литар ракија.
Во него додаваме по една рака од следните тревки
-Жолт кантарион
-Семе од коприва
-Мајчина душица
-Цвет од невен
-Рузмарин
Се остава ова да стои 15 дена добро затворено на темно.
Потоа се процедува и се конзумира во вид на капки.
Нема штета од него и пијте го по потреба или два пати на ден по 10 капки, за циркулација на крвта. На почетокот кога се ставаат тревките ракијата има некоја бледа жолта боја, а кога е готова добива прекрасна кафенка, коњак боја. Јас направив и пробав, пробајте и вие.

Надица Велес за МоиРецепти.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top