Подготовката е многу лесна, а лекот е многу ефикасен и слободно може да се користи за деца над 1 година.
Шолја шеќер, пола шолја вода, лажица сок од лимон, лажица мед, пола лажица ѓумбир, ¼ лажичка мелено каранфилче се ставаат во сад на ниска температура и се оставаат да вријат дваесетина минути.
Потоа садот се трга од оган и се остава неколку минути за да се излади.
Со помош на лажица се става мала количина на тава обложена со хартија за печење и се формираат форми како мали бомбончиња.
Потоа се посипуваат со шеќер во прав за да не се залепат едно со друго и се чуваат во лимена кутија.
По потреба се лижат неколку на ден, а со тоа со сигурност ќе ви се намали болката во грлото и ќе ви се олеснат симптомите на настинка.