Home / природен лек / Пушачи еве како да ги исчистите белите дробови од никотин

Пушачи еве како да ги исчистите белите дробови од никотин

Ракот на белите дробови е една од водечките причини за смрт во светот и најголем број од луѓето заболуваат од пушењето.
Лекарите поради тоа, на сите пушачи им препорачуваат да се откажат од цигарите. Сепак ако сте пушач, обидете се колку што можете да го намалите ризикот од развојот на ракот.
pluca_1365602507_670x0Постојат различни начини да ги исчистите вашите бели дробови од катранот и токсините и да го минимизирате ризикот од инфекција.
Одредените видови на храна на пример може да ви помогнат да ги прочистите белите дробови.
Важно е да знаете дека не може во целост да ги очистите белите дробови, но доколку конзумирате некои одредени намирници, бар во одредена мера може да се ослободите од токсинот.
Секако нема да ви наштети ваквата храна, но би можела малку да ви помогне при чистењето на белите дробови.

Пченката

Оваа храна содржи бета криптоксантин, за кој се тврди дека ги штити белите дробови од карцином и затоа претставува силен антиоксиданс.

Селен

Ова е моќен антиоксидант кој може да се најде во различни видови на риби како што е туната, лососот, потоа во јагнешкото месо, јајцата и житариците.

Кромид

И црно-белиот и црвениот кромид содржат соединенија со анти-канцер ефект. Кромидот може да ви помогне во спречувањето на голем број на болести, а меѓу останатото и од рак на белите дробови. Кај луѓето кој што веќе боледуваат од рак, го спречува растот на нови клетки.

Ѓумбир

Уште една моќна алатка за отстранување на токсините од белите дробови. Можете да пиете чај од корен на ѓумбир кој го олеснува дишењето, а можете и со оброци да јадете парче ѓумбир.

Портокали

Покрај тоа што е богат извор на витамини, портокалите исто така, содржат cryptoxanthin, кој го спречува развојот на ракот на белите дробови.

Коприва

Ова тревно растение полно со железо, исто така е корисна алатка за детоксификација на белите дробови и во борбата против инфекциите.

Чај од борови иглички

Овој чај најчесто се користи при миењето на грлото и устата. Сепак може да биде добар сојузник во борбата против ракот на белите дробови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top