Човештвото во наредните три и пол децении ќе извојува најважна победа во борбата против ракот, кој до 2015 година ќе престане да биде смртоносна болест за луѓе помлади од 80 години, тврдат научниците од Лондонскиот универзитетски колеџ.
Како што истражувањата и лековите напредуваат во борбата против ракот, се пронаоѓаат се повеќе начини за негово лекување, и што е најважно, спречување на оваа болест.
Научниците од Лондон веруваат дека во релативно кус период медицината толку ќе напредува што со ракот нема да можат да се изборат само најстарите и оти зачестеноста на карциномите ќе биде значително намалена, што ќе му ја избрише репутацијата на болест опасна по живот.
Професорот Дејвид Тејлор навести дека ако истражувањата продолжат да се развиваат со ова темпо, ракот повеќе нема да биде смртна опасност по луѓето на средовечна возраст.
Во последните 20 години веќе имаше значаен напредок во сериозноста на стапката на смртност од канцер. Тоа значи дека од рак и натаму умираат доста луѓе, но е мала веројатноста тоа да биде со смртен исход за помладите луѓе.
Во претходните неколку години стапката на смртност од рак беше поголема кај луѓето постари од 75 години.
Тим научници тврди дека дневна доза на аспирин може да биде клучна во борбата против ракот и воедно најефикасна линија на одбрана.
– Реално е да се очекува дека до 2050 година речиси сите болести поврзани со канцер кај децата и возрасните до 80 години ќе може да се спречат со промена во начинот на живот и подобра технологија и со фармацевтски и други терапии, вели професорот Џек Кјузик.
Тој апелира да се преземат подобри акиции на убедување на луѓето да пијат аспирин една деценија, меѓу 50-та и 60-та година од животот. Останатите методи на превенција вклучуваат оставање на пушењето и намалување на килограмите.
Земањето дневни дози аспирин секако не може да помине без некои ризици. Нуспојавите на земање на аспиринот може да бидат чир на желудникот и други облици на стомачни нарушувања.
Меѓутоа, со пресметка дека аспирин на еда смрт од кацер, спасил 17 животи, професорот Кјузик бил воодушевен од дејството на овој аналгетик.