Free songs
Home / Болести и лечење / Слабокрвни сте – Кој е најдобар извор на железо – народни лекови

Слабокрвни сте – Кој е најдобар извор на железо – народни лекови

Постојат многу причини за развој на анемија, но најчеста причина е недостатокот на железо во крвта, кој е неопходен за стварањето на хемоглобинот. Иако за стварањето на црвените крвни зрнца се потребни и други состојки – витамин Б12 и Ц, како и фолна киселина, сепак железото е најважно.

anemija_simptomiТелото само не ствара железо, туку го извлекува од своите резерви: Црвените крвни зрнца умираат после приближно 120 дена од настанувањето, а железотот од нив се враќа во коскената срцевина, од каде повторно се црпи и користи за произведување на нови крвни зрнца. Ако во телото нема доволно железо, резервите постепено се исцрпуваат, а како резултат на тоа доаѓа до недоволно стварање на црвени крвни зрнца. Така се јавува анемија.

Кај жените најчеста причина за губиток на железо од организмот се менструациите. Долготрајните крварења од носот, крварењата од хемороидите или од чирот на желудникот, исто така, предизвикуваат анемија. Тука се и другите ризици: губиток на крв при породување, губиток на крв како последица на некои заболувања на тенкото црево (Chron- ова болест). Овие состојби може да ја ограничат способноста на организмот да го впие потребното железо и така предизвикуваат анемија.

za zelezo vo krv hranaНајдобар извор на железо се црвено месо, јајца, џигер, и житарици. Добри извори на железо се и сушеното овошје, мешункастите растенија и зелените лисја од зеленчукот.

Препаратите од железо земајте ги само по совет од лекар!

Витаминот Ц ја помага апсорпцијата на железо. Со правилна исхрана и со земање на производи богати со витамин Ц може да се избегне недостаток од железо во текот на бременоста.

Организмот не може да го складира витаминот Ц и затоа треба да се зема секојдневно.

Кафето, чајот, какаото, кока-колата и другите напитоци кои содржат кофеин, теобромин и танин треба да се пијат 1-2 часа пред оброкот, бидејќи тие ја отежнуваат апсорпцијата на железото.

Чај од коприва

Една лажица листови од коприва прелијте ги со 2 децилитри зовриена вода и оставете да отстои пет минути. Чајот процедете го и пијте го додека е млак. Препорачаната доза изнесува три шолји дневно.

krvna grupaЧај од четири билки

Помешајте иста количина на листови од коприва, жалфија, мајчина душичка и нане. Лажицата од оваа мешавина прелијте ја со 2,5 децилитри студена вода, мешајте една минута, па оставете да отстои пет минути. Процедете, засладете со мед и додајте сок од лимон. Дневно треба да пиете најмалку две шолји или околу половина литар од овој чај.

Чај од рен

Во литар вода ставете 20 грами корен од рен и варете околу 20 минути. Оставете да отстои преку ноќ, процедете и пијте две шолји на ден, најдобро помеѓу оброци.

Чај од орев

Варете 20 грама свежи листови од орев 15 минути во литар вода, па процедете. Пијте една шолја дневно, пред ручек.

Напивка од кромид

Изчистете и измијте 200 грама кромид, прелијте го со чист алкохол и оставете го да стои три недели. Три пати дневно пијте по 20 капки од напивката која сте ја додале во половина чаша млеко.

Какао крем

Добро изматете 250 грама какао, 250 грама кафеав шеќер, 250 грама путер, 2 лажици морска сол, 7 лажици јаболков оцет. Ставете во тегла и земајте три пати дневно по една лажица од кремот.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top