Лицата кои се под стрес на работното место имаат поголем ризик за мозочен удар, објавија шведски научници.
Инаку, стресот на работното место претходно е поврзуван и со зголемен ризик од срцев напад (инфаркт).
Најновите резултати од истражувањата покажуваат дека поради изложеност на стрес на работното место просечно 24 отсто е поголем ризикот за исхемиски мозочен удар предизвикан од тромб.
На секои 100.000 жители на Европа годишно се регистрираат 115 исхемиски мозочни удари кај мажите и 75 исхемиски удари кај жените.
Останати фактори на ризик од мозочен удар се зголемена концентрација на холестерол во крвта, дијабетес, хипертензија и семејна историја на мозочниот удар.
Lider.mk