Лековитиот крем од банана е одлично природно средство против кашлица чија ефикасност е проверена во лекувањето и на упорната кашлица при бронхитис.
Посебно е делотворен кај деца, но и кај возрасни. Вкусен е, здрав и многу хранлив, па благотворно делува и на желудникот.
Ако вашето дето го мачи болно грло или кашлица, пробајте го овој чудесен крем. Многу едноставно се приготвува:
Крем од банани против кашлица- рецепт:
Потребни состојки:
2 зрели банани
2 супени лажици шеќер или мед (медот се додава кога смесата ќе биде малку изладена)
400 мл врела вода
Постапка:
Излупете ги бананите. Измечете ги со вилушка. Додадете шеќер и добро промешајте. Залијте со врела вода, поклопете и оставете да отстои половина час.
Ако користите мед, додадете го пред крајот, кога смесата ќе биде изладена. Можете да ја процедите, но не морате (според желба).
Употреба:
Смесата загрејте ја на ниска температура да биде млака.
Консумирајте 4 пати дневно по 100 мл.
Секој ден направете нова доза.
boza.mk