Home / алтернативна медицина / Ако ја замолите водата за здравје, ќе бидете здрави

Ако ја замолите водата за здравје, ќе бидете здрави

Кажете и на водата дека сакате да бидете здрави и ќе бидете здрави. Што и да и кажете на водата, таа ќе запамети и така ќе биде. Ако ги земете на пример фактите дека сте создадени од вода и дека сте еден голем сунѓер натопен со вода, ќе сфатите колку е важна неверојатната способност на молекулите на водата кои паметат се.

voda-glavnaОва се релативно нови откритија во модерната наука. Со појавата на микроскопот и фотоапаратото се дојде до докази за „големината“ на водата и нејзината моќ. Уште од дваесеттите години на минатиот век, група на научници тврделе дека водата е “жива” и дека има свој живот и смрт, и дека, ако со неа се постапува несоодветно таа може да биде лоша и болна и својата болест да ја префрли на сите живи суштества.

Денес, секој може со свои очи да се увери каква трансформација доживуваат молекулите на водата, доколку тие го слушаат Моцарт или пак хеви метал или пак ако некое време поминат кај новороденче или сериозно болен.

voda-misli-reci-tekst

За да разбереме подобро како изгледаат и што прават молекулите на водата се потрудил јапонскиот научник Масару Емото, кој се занимавал со надворешните влијанија врз водата – од загадување па се до зборови, мисли, музика и молитви. Тој издал книга „Порака сокриена во водата и нејзината вистинска моќ“. Ако мислите и говорите зборови полни со љубов и благодарност , такви ситуации ќе ви се случуваат околу вас. Ако ширите песимизам , страв, фрустрација или тага, тоа ќе биде вашата животната средина.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top