Home / природен лек / Домашен лек за лекување астма, бронхитис, кашлица и проблеми со белите дробови

Домашен лек за лекување астма, бронхитис, кашлица и проблеми со белите дробови

Ова е познат народен лек за третирање на астмата, како белодробната, така и срцевата. Лекот го подготвувале во разни варијанти нашите баби, а според искуствата на многумина, тие знаеле што прават.

kaslica

Потребни состојки:

  • ½ кг црвен кромид
  • ½ кг шеќер
  • 2 лимона
  • 1,5 литри вода
  • 7 големи лажици домашен мед

Начин на подготовка:

Шеќерот се загрева во метален сад на умерена температура со константно мешање, сè додека не порумени. Потоа се додава ситно исечканиот кромид, кратко се пропржува и се додаваме водата. Сè заедно се вари на умерена температура, додека не испари 1/3 од водата. Потоа се остава да се олади, се додаваат двата исцедени лимони и медот и сè добро се меша за комплетно да се изедначи. Се остава да отстои, а потоа течноста се процедува (од парчињата кромид) и се складира во стаклено шише.

Начин на употреба:

Се конзумира по една голема лажица од напитокот пред секој оброк додека не се потроши целата количина. По потреба може да направите нова мешавина и да ја повторувате постапката додека белите дробови сосема не закрепнат.

За деца се препорачува по една мала лажичка пред секој оброк.

One comment

  1. Imam alergiska astma I jako gusenje lekovi nemi pomagat pijam lordes I rinoko sprej .imam I slajmovi pa nekoi lek za ova dami kaZete

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top