Американските научници во новата студија сугерираат дека постои поврзаност на губење на помнењето и крвната група, јави Би-Би-Си.
Луѓето со крвна група АБ која е ретка и неа ја има само четири отсто од популацијата, имаат поголема веројатност на развој на деменција на постара возраст.
Американските научници предводени од Мери Кушман од медицинскиот факултет во Вермонт анализирале податоци на 30.000 американски граѓани постари од 45 години.
Се покажало дека поединци со крвна група АБ имаат речиси двојно поглема веројатност дека ќе развијат проблеми со помнењето од оние со крвната група О, најчеста во популацијата, но само кога се елиминираат другите фактори на ризик. Затоа, експертите велат дека луѓето со крвна група АБ не треба да имаат паника, дебелина и висок крвен притисок. Студијате е објавена во списанието „Neurology“.
Од порано познато е дека лицата со крвна група АБ имаат поголем ризик за мозочен удар од оние со другите крвни групи. Причина за тоа е фактот дека во крвната група АБ има најмногу Фактор Осум, протеин кој помага во згрутчување на крвта. Премалку Фактор Осум предизвикува послабо згрутчување на крвта, а премногу од тој протеин полесно се создава згрутчување.