Free songs
Home / аларм / Дали носењето градник може да предизвика рак на дојка?

Дали носењето градник може да предизвика рак на дојка?

Во истражувањето кое неодамна го спроведе Центарот за истражување на рак во Сиетл учествувале над илјада жени, кај кои е дијагностициран рак во периодот меѓу 2000 и 2004 година.

breast-cancer1Долги години постои верување дека носењето градник предизвикува појава на рак, а некои експерти истакнуваат дека ова се случува бидејќи постојаното носење го спречува отстранувањето на токсините од лимфниот систем. Нивниот главен аргумент бил фактот дека ракот е позастапен кај жените од подрачјата на западната култура, за разлика од општествата каде не е вообичаено жената да носи градник.

– Резултатите од студиите покажале дека носењето градник не причинува појава на рак. Ризикот бил ист без разлика колку часа просечно во текот на денот жените носеле градник, на која возраст почнале да го носат, како и видот на градникот. Не сме многу изненадени, имајќи предвид дека и пред истражувањето претпоставуваме дека поврзаноста е навистина минимална. Одлучивме да му посветиме внимание на ова прашање бидејќи никогаш досега не се спроведени истражувања на оваа тема, а на жените им е многу важно, изјави Лу Чен, еден од членовите на истражувачкиот тим.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top