Home / бабини рецепти / Домашен лек против анемија

Домашен лек против анемија

Лошата крвна слика, анемијата е почеток на многу здравствени тешкотии. Доколку имате мака со тоа, од овој рецепт ќе дојдете до исклучителни резултати. Народната медицина бележи повеќе рецепти за поправање на крвната слика, односно зголемување на хемоглобините во крвта. Овој лековит еликсир е проверен лек. Освен што ќе ве доведе до исклучителни резултати, многу е вкусен па можете да го доживувате како десерт.

med limonПотребни ви се само:
200 мл. мед
200 гр. ореви
200 гр. суво грозје
200 мл. сок од моркови
200 мл. сок од цвекло
2 лимони
Подготовка: Двата лимони преполовете ги и исчистете ги од семките, па сомелете ги со кората или без неа ( зависи дали се прскани). Во тоа додадете мед, цедениот сок од цвекло и цедените моркови и промешајте. На крајот во смесата додадете ситно исецкани или мелени ореви и суво грозје. Ќе добиете околу 1 килограм лековита смеса која можете да ја чувате во тегла. Јадете трипати во денот по една лажичка пред или по оброкот.

One comment

  1. Prevedite i na srpski.da bih sve razumela.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top