Home / природен лек / Проверени лекови против воспаление на мочниот меур

Проверени лекови против воспаление на мочниот меур

Доколку патите од често воспаление на бешиката и имате проблеми со бактерии, овие чаеви се идеалното решение за вашиот проблем.

bolki stomakВоспалението на мочниот меур настанува под влијание на вируси и бактерии. Кога такво нешто еднаш ќе се случи, подоцна и најобична настинка може да ги активира постоечките бактерии и да го повтори воспалението, пренесувас 365.ком

Најголем број инфекции на уринарниот тракт се инфекциите на мочниот меур, а тие не се опасни доколку навремено се лечат. Доколку болеста земе замав, инфекцијата може да се прошири и на бубрезите, што веќе станува сериозен проблем.

Чај и сок од брусница

Чајот од брусница е многу ефикасен природен лек во случај на инфекција на мочните канали, особено доколу инфекцијата е предизвикана од бактеријата ешерихија коли. Ешерихија коли по правило се лепи на ѕидовите од мочниот меур, а брусницата успешно спечува, Така ослободената бактерија е многу полесно да се отстрани преку урината. За време на инфекцијата, но и после неа, корисно е да пиете сок од брусница, бидејќи тој за 20 проценти го намалува ризикот од повторно појавување на бактеријата.

Подготовка на чајот: Во 2 дл. стоплена вода, ставете една лажичка брусница. Оставете да отстои 10 минути и пијте додека е жешко.

Увин чај

Овој чај од две причини спаѓа во ефикасни природни лекови за воспаление на мочниот канал. Првата причина е што оваа билка поттикнува урина, а втората што има антибактериско дејство.

Подготовка: Супена лажица сушена ува пречејте ја со 2,5 дл топла вода, процедете после 15 минути, додадете 1 /2 лажички сода бикарбона и пијте. Препорачаната дневна доза час е три, најмногу четири шолји. Не би требало да пиете подолго од 4-5 недели во период од една година. Претерано долгата употреба на увин чај може да биде штетна за организмот и не се препорачува за време на бременост и доење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top