Ви се случува ли дезедорансот кој го користите постојано и Ви е омилен да го промени мирисот откако ќе го нанесете, посебно во топлиот летен период?
Според дерматолозите дезедорансот треба да го менувате на секои шест месеци. Тие наведуваат дека тоа е така бидејќи кожата се навикнува на нив, а со тоа контра ефектот е секако непријатната миризба.
Експертите наведуваат дека сите различно се потиме поради стрес, жештина или вежбање, а течностите кои ги исфрламе имаат различен мирис.
Потењето предизвикано од стрес најмногу ослободува најнепријатен мирис. Поради тоа дерматолозите препорачуваат на секои шест месеци да ја менувате линијата дезедоранси од одреден козметички бренд, за телото да не се навикне и да не реагира на истиот.
Инаку, дезедорансите во форма на стик, се најдобрите против потење и непријатен мирис.