Free songs
Home / Болести и лечење / Одете на лекар за бемки – прегледот е лесен, а може да ви спаси живот!

Одете на лекар за бемки – прегледот е лесен, а може да ви спаси живот!

Ставот дека бенките не треба да се допираат оти може да ни се случи нешто лошо целосно е неточен. Проверете зошто!

Епидермата, површинскиот слој на кожата, освен епителните, содржи и пигментни клетки или меланоцити, кои се сместени во нејзиниот темелен слој.

bemka1-300x171Меланоцитите го синтетизираат меланинот, пигмент кој има важна улога во заштитата на организмот од штетно дејствување на ултравиолетовите зраци. Освен меланоцитите, меланинот го синтетизираат и невус-клетките, кои во помал или поголем број се наоѓаат во форма на гнезда во кожата на повеќето луѓе. Бројот на пигментни клетки е константен и нема битна разлика во нивниот број помеѓу кожата на белците и црнците, но во кожата на црнците е зголемена нивната синтетска активност.

Кога треба да се посомневате?

Знаци што укажуваат на важноста на оперативното отстранување на бенката:

*промена во големината на бенката: нагло растење или постепено постојано растење;
*промена на бојата, особено појава на разни нијанси на темна боја – кафеава, темнокафеава, црна, црна, бела, сива или сина, како и преод на пигментот на околната кожа;
*промена во обликот, особено развој на неправилни рабови или издигнувања внатре во бенката;
*промени на површината на бенката – лупење, ерозии, влажење, појава на красти, улцерации или крвавења;
*промени во околната кожа – црвенило, отеченост или променета пигментација;
*чешање, чувствителност и болка;
*промени во конзистенцијата – омекнување или стврднување.

Под изразот невус или бенка се подразбира тркалезна творба, обично ненаследна, настаната како нарушување во ембрионалниот развој. Може да постои уште од раѓање или да се појави подоцна во животот.

mladezВо клиничката пракса од исклучителна важност е навреме да се препознаат атипичните бенки или диспластичните невуси, со оглед на тоа што во диференцијалната дијагноза на тие пигментирани промени мора да се помисли и на малигниот меланом. Карактеристичните промени во изгледот на бенката, кои дерматологот го упатуваат на можна рана малигна промена (алтерација), се појавата на асиметрии во пигментираните лезии, неправилноста во границите, промени на бојата, особено неедноличност на пигментацијата, нагло зголемување на пречникот и промена на нивото преку лесно подигната пигментна лезија. Наведените промени се истовремено и индикација за отстранување на бенката.

Освен опишаните промени на бенката, појавата на чешање, грутчиња во неа, променета конзистенција (дробливост или омекнување) крвавење, улцерација, сателитски лезии и зголемувањето на регионалните лимфни јазли се карактеристика за напреден стадиум на малигниот меланом.

Важно е да се нагласи дека зголемувањето на бенката понекогаш може да се случи и поради банални причини, на пример, при инфекции и појави на апцес (гнојно воспаление), особено околу фоликулата на влакното или ако под бенката се воспали лојна жлезда.

Како да се дејствува превентивно?

Иако денес во светот е развиен ставот за превентивното отстранување на бенките, кај нас широко е вкоренет ставот дека бенките не треба по никоја цена да се третираат. Тоа е сосема неточно и резултира со неоправдан страв од нивното оперативно отстранување. Лошиот исход не се должи на операциите, туку на тоа што пациентот побарал помош предоцна. Затоа бенките кои ги задоволуваат клиничките критериуми за превентивно оперативно отстранување, кои се изложени на иритации или трауми (на пример, во косата при чешлањето, иритација со долна облека), потоа оние на петицата, на дланката, на половиот орган или непцето или оние што од која било причина му пречат на пациентот, треба на време да се отстранат.

27399_mladez-foto-Shutterstock_iffБидејќи и малигниот меланом, а од него најмногу и се плашиме кога зборуваме за пигментираните лезии на кожата, се лекува ако се открие на време. Позитивниот терапевтски исход ќе се постигне ако болните сфатат дека поради пигментираните лезии треба да појдат на лекар кој според наодот ќе оцени колку често болниот треба да оди на контролни прегледи, треба ли превентивно да се отстрани пигментираната лезија на кожата и како треба да се штити од провоцирачките фактори, пред с`, од долготрајните изложувања на штетните сончеви зраци.

Кои луѓе се под зголемен ризик за појава на малигниот меланом?

луѓе што имаат маланом во семејството;
оние што веќе се оперирани од меланом;
лица со атипични или диспластични бенки (поголеми од 0,5 см во пречник, со неправилен облик и со повеќе нијанси на темна боја);
луѓе со светол тен, светла коса и очи, кои се склони на изгореници и кои тешко поцрнуваат;
луѓе со вродени големи бенки;
луѓе што неколку пати веќе имале тешки изгореници од сонце;
луѓе што живеат во предели со многу сонце.

По оперативниот зафат, секој препарат на кожата патохистолошки се анализира за да се донесе конечна дијагноза за отстранетата пигментирана лезија.

Што се однесува до превентивата на малигниот меланом во потесна смисла, на ниту еден од факторите, како што се генетските и хормоналните, не може битно да се влијае. Затоа е и важно раното откривање на пигментираните лезии на кожата, што се постигнува само со редовен дерматолошки преглед- дермоскопија. Превентивното отстранување на сомнителните пигментирани лезии на кожата с` уште е најјакото оружје против најзлокобната промена на кожата – малигниот меланом. Како и за другите карциноми на кожата и тој се лекува ако се открие навреме и веднаш оперативно се отстрани.

Кај луѓето со голем број бенки од голема важност е и самопрегледот во текот на целата година, а еднаш до два пати годишно задолжителен е и преглед кај дерматолог.

Дневник

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top