Home / аларм / Спиењето 8 часа не е здраво – потврдија научниците

Спиењето 8 часа не е здраво – потврдија научниците

Недоволното спиење си носи свои последици, исто како и преспивањето. Делумно, знаете дека кога не сте наспани сте уморни и нервозни. Но истражувањата покажуваат дека со тек на време овој ефект е кумулативен.

spieКолку време ќе ви треба да се опоравите од недоволно спиење зависи од тоа колку долго ви траел периодот на неспиење. Кога си легнувате доцна ноќе, а станувате рано сабајле ви требаат една до две ноќи добро и подолго спиење. Години недоволно спиење може да влијае негативно на вашиот мозок.

Што мислите за луѓето кои се наспиваат за само неколку часа? Со тек на времето, сите се навикнуваат со помалку спиење. Но, кога се работи за луѓето што спијат сосема малку – тие всушност го губат своето чувство за измореност. Спиењето треба да биде долго од седум до осум часа. Луѓето кои спијат помалку од седум часа се поподложни на ризик од срцеви болести, дебелина и дијабетес. Но и спиењето повеќе од осум часа си носи свои здравствени ризици.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top