Home / аларм / Домашните миленици не смеат да ве лижат по лице – пренесуваат инфекции

Домашните миленици не смеат да ве лижат по лице – пренесуваат инфекции

Научници од Универзитетот Месеј во Ново Зеланд истражуваат дали домашните миленици можат да пренесуваат инфекции отпорни на антибиотици. Според нивните теории, зголеменото давање  антибиотици на животните може да влијае на глобалниот проблем на отпорност на антибиотици, пишува здравство24.

dogs-and-licking-how-to-stop-your-dog-from-licking-you-5280f3ba87f60“Ќе се обидеме да дознаеме дали милениците се ризик од пренесување на бактерискиинфекции кои СЗО веќе ги смета како  растечки јавен здравствен проблем. Станува збор за бактерии отпорни на антибиотици, кои се јавуваат кај многу домашни миленици предизвикуваќи инфекции на уринарниот тракт а кои се пренесуваат преку измет и телесни течности”, велат научниците .

Животните го чистат својот задник со лижење а потоа ги  лижат луѓето. Инфекцијата на тој начин може да се шири, што е само уште една причина да не им дозволувате да го лижат вашето лице.
Претходни истражувања покажаа дека луѓето кои им дозволуваат на своите кучиња да ги лижат на лицето од нив може да добијат воспаление на непцата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top