Кајсиите ја поттикнуваат одбраната на организмот од бактериски инфекции, ги обновуваат оштетените ткива, го снижуваат лошиот холестерол во крвта и делуват како благ лаксатив.
Нејзиното потекло не е точно утврдено. Богата е со витамини и минерали. Кајсиите поради присуството на бета каротен имаат благотворни ефекти и за срцето, затоа што го смалува лошиот холестерол во крвта, а делува и против некои други болести.
Кајсиите се богати со расителни влакна кои ја поттикнуваат работата на органите за варење. Благодарејќи на целулозата и пектините имаат благо лаксативно дејство. Ако јадете кајсија пред главниот оброк таа го стимулира метаболизмот. Поради големиот процент на железо се препорачува за луѓето со анемија за зголемување на хемоглобинот.