Германски научници тестирале вакцина врз животни која обезбедува одреден степен на заштита од тумот на мозокот.
Истражувачите од Националниот центар за тумори во Хајделберг објаснуваат дека вакцината го поттикнува имунолошкиот систем на организмот да напаѓа абнормални клетки.
Вакцината ја „зголемува“ природната реакција воочена кај некои пациенти со тумор на мозокот која резултира со делување на имунолошкиот состав против канцерогените клетки.
Научниците напоменуваат дека оваа природна реакција сама по себе не е доволна за борба против туморите.
Клиничките тестирања на новата вакцина ќе почнат следната година.