Home / нови лекови / Создадени очила кои го враќаат видот

Создадени очила кои го враќаат видот

Британските научници направија паметни очила кои ќе им помогнат на луѓето со тешки оштетување на видот повторно да го видат светот околу нив. Овој уред може да се најде на пазарот следната година, а не би требало да чини повеќе од просечен смартфон.

naocare-vid-uredaj-1403130298-518787Паметните очила ќе им овозможат на лицата со оштетен вид да го видат движењето на другите луѓе. Очилата работат со комбинирање на информациите што ги обезбедува инфрацрвената и конвенционалната камера, а потоа мал компјутер ги обработува податоците и проектира слики на стаклата на очилата, во форма на цртежи. Објектите кои се блиску се повеќе светли.

Очилата неможат да им помогнат на луѓето кои се целосно слепи, но тие се многу корисни за сите оние кои имаат тешко оштетување на видот.

– Нашата идеја е на луѓето кои едвај го гледаат светот околу себе, им се даде поголема независност и самодоверба и да се подобри квалитетот на нивниот живот – вели д-р Стивен Хикс, лидер на тимот научници од Оксфорд.

naocare-vid-uredaj-1403130298-518785Пензионерката Лин Оливер (70) од Фарингдон имала можност да ги проба очилата и вели дека тоа и овозможило за прв пат да го види своето куче водич.

-Порано можев да го видам само увото или окото на мојата Џес. Сега можам да ја видам цела. И кога одиме можам да видам зошто застанува, а тоа многу ми значи на пат од дома до продавница и назад, вели Лин.

Очила кои се дизајнирани од страна на научниците на Универзитетот во Оксфорд во моментов се прилично големи и непрактични. Сепак, намерата на креаторите е кога тие ќе се појават на пазарот, да бидат како и класичните очила за сонце.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top