Полскиот професор Томаш Циах открил нова метода на лекување на ракот, кога цитотоксични агенси ги надоврзал на шеќер, бидејќи погодените клетки од рак апсорбираат многу повеќе шеќер отколку здравите клетки, јавија чешките медиуми.
Со револуционерната терапија, лекот делува каде што е потребно, а не на здравите клетки.
– Клетките нападнати од ракот апсорбираат 200 пати повеќе шеќер отколку оние здравите. Тоа е причината поради која намерно ги збогативме цитостатиците со специфична форма на шеќер кој по влегувањето во јадрото на инфицираните клетки се распаѓа, а останува само лекот кој го уништува ракот, вели професорот Циах за полската телевизија.
Како што јави дописникот на МИА од Прага, не се работи за нов лек, бидејќи се употребуваат истите цитостатици како и досега, но токму поради додавањето на шеќерот истите се концентрираат токму на заболените клетки.
Истражувањето траело три години и чинело големи финансиски средства, но полскиот тим смета дена со оглед на тоа што секоја година во земјата бројот на пациенти заболени од рак се зголемува за 180.000 луѓе, а неколку милиони во светот, новата процедура ќе донесе надеж за излекување на многумина.