Овој лек се користел и за превенција од заболување на канцерогени болести. С` што е потребно за да го подготвите се шампињони, свежа зелена салата и липов мед.
Земете пет шампињони, кои потребно е да бидат свежи, а пожелно е да бидат набрани во претходните 24 часа. Исто така, треба да бидат со целосно затворени капички. Добро измиете ги и прелиете ги врела вода. Потоа добро избришете ги и исцедете ги така што ќе добиете бистар сок. Свежата зелена салата исто измиете ја и исцедете ја како сок (или сомелете за да добиете повеќе сок, а доволно е да добиете една лажица течност). Измешајте ги пијалаците и додадете една лажица липов мед.
Добиената количина консумирајте ја следните три дена, а чувајте ја во добро затворена тегла или стаклено шише во ладилник. Секое утро на гладен стомак пијте по една третина од оваа мешавина и на секои три дена подготвувајте нов. Овој лек не треба да има се дава на деца помали од седум години.