Храната како лек – може да ви помогнe со мигрената, несоницата, болките во грлото, мускулите или со предменструалните симптоми.
Еве која храна е лек за која болест:
БОЛКА ВО ГРЛОТО
ЛЕК: МЕД
Неговата антибактериска и антиоксиданска моќ ги олеснуваат болките во грлото.
2 лажички мед во топол чај и сипајте си по една шолја на секои два до три часа по потреба. Некои студии велат дека потемниот мед има посилна антибактериска моќ.
Можете да го ставите и во јогурт, салати или да го користите во колачи.
БОЛКА ВО МУСКУЛИТЕ ОД ВЕЖБАЊЕ
ЛЕК: ЃУМБИР
Ако не сакате воспаление на мускулите од напорното вежбање време е за ѓумбир.
Една студија покажа дека ако консумирате два грама свеж ѓумбир (околу 2 лажички) пред вежбањето секој ден во текот на една седмица и половина, можноста да ве болат мускулите од кревање тегови е за 25 проценти помала.
Тој содржи антивоспалителна состојка и има дејство како лекарствата против болка. Се препорачува и при гадење и мачнини. Можете да го консумирате и во супи или сендвичи.
ЛЕК: КИВИ
Жените почесто имаат проблеми со сонот, а ова овошје може да им помогне. Една тајванска студија покажа дека жените кои јадат 2 киви еден час пред спиење во текот на еден месец заспиваат 14 минути побргу и имаат подолг сон.
Едно од можните објаснувања е што го зголемуваат нивото на серотонин, хормонот кој е брз билет до земјата на соништата.
Консумирајте го како дел од овошна салата или овошни џусови.
МИГРЕНА
ЛЕК: СЕМКИ ОД ТИКВА
Кога страдате од мигрена изедете рака полна семки од тиква.
Тие се богати со магнезиум, минерал кој недостига кај луѓето кои патат од мигрена. Ваквиот недостиг предизвикува стеснување на крвните садови околу мозокот.
Можете да ги консумирате и во салати и десерти.
Според студијата од 2006 год. од страна на шкотски институт, зачинот кари е носител на главната компонента присутна во аспиринот. Што значи дека го има истото дејство. За да немате главоболки зачинувајте ги салатите и месото со овој зачин.
ПМС
ЛЕК: БАДЕМИ
Ако секој месец имате менструални болки, решението се бадемите.
Студија во магазинот American Journal of Clinical Nutrition откри дека високата содржина на рибофлавин во храната како бадемите ја намалува можноста за развивање на ПМС за 35 проценти. Околу 40 бадеми ќе задоволат повеќе од 30 проценти од потребната дневна доза на рибофлавин во вашиот организам.
Додадете ги во житарици, јогрут или како гарнир со боранија.
Боровинки
NotForMen