Home / Болести и лечење / Симптоми за сериозни болести

Симптоми за сериозни болести

Секоја година умираат илјадници жени од болести кои можеле да ги спречат и на време да се излечат. Тоа најчесто се случува затоа што жените многу малку внимание си посветуваат на себе и на симптомите кои може да доведат до мозочен удар, рак на дебело црево, срцев удари или дијабетес. Доколку имате над 40 години, неопходно е да научите како да ги препознаете првите знаци и на време да преземете мерки.

Тешко одбирате зборови

bolka-vo-vratotВнимавајте на тоа затоа што може да биде предупредување за мозочен удар. Ако на пример наместо да кажете „син капут“ вие велите „црвена јакна“ или пак тешко се присетувате на одредени термини за работи како имиња на луѓе и улици, тоа може да се симптоми на помал мозочен удар.

Покрај ова, знаци на укоченост на едната страна на телото или лицето укажува на тоа дека мускулите не функционираат како што треба. Забележете си дали сте конфузни и често заборавате зборови, доколку е така, посетете лекар. Треба да направите снимање на магнетна резонанца за да проверат дали некое твкиво ви изумира поради недостаток на кислород.

Во случај на удар првите три часа се најважни, ако посетите лекар животот може да ви биде спасен, а шансите за подобрување зголемени.

Надуеност

Постојаната надуеност на стомакот може да биде многу важен знак, кој се однесува на рак на дебелото црево. Ако сте ги промениле вашите навики во исхраната за да се ослободите од надуеноста или не сте во ПМС, а стомакот се уште ви е подуен, посетете гинеколог.

Тој ќе ја отфрли можноста за проблеми со јајниците и веројатно ќе ве испрати на гастроентеролог на проверка на дебелото црево. Особено внимавајте ако имате семејна историја на оваа болест, а посветете внимание и на други симптоми како што се крв во столицата или грчеви во стомакот, кои траат по неколку дена.

Губење на сексуалната желба

Постојат многу причини поради која не ви е секогаш до секс, но минималната желба за сексуален однос може да биде индикатор и за дијабетес. Високиот крвен притисок ги запушува артериите кои со текот на времето стануваат склони кон згрутчување. Тоа ја отежнува циркулацијата која е од големо значење за сексуалната желба. Овој симптом не треба секогаш да го правдате со премореност, туку ако потрае подолг период, одете на лекар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top