Home / бабини рецепти / Домашни лекови за суви, испукани пети

Домашни лекови за суви, испукани пети

4 природни лекови за испукани пети. Обидете се со еден од овие раствори.

shilets-peta– лажица бел оцет во 8 литри топла вода

– пола лажица сода бикарбона во 4 литри топла вода

– 4 до 8 литри топла вода со неколку капки масло од чајно дрво (ова е особено добро за бактериите и габите)

– 4 до 8 литри топла вода со 2-3 супени лажици сок од лимон

Со сите четири понудени варијанти постапката е иста. Еднаш неделно стопалата држете ги во мешавината од 30 до 45 минути, а потоа исплакнете ги, исушете, нанесете хидратантна крема и облечете памучни чорапи.

Можете стопалата да ги намачкате со маслиово масло, кокосово масло, вазелин, или било кое масло за јадење. Секогаш по третманот облечете памучни чорапи, бидејќи памукот дозволува нозете да дишат.

Секогаш кога ќе сте во можност намачкајте дебел слој детска павловичева маст – завиткајте ги нозете со ќеса и облечете чорапи. држете ги така колку можете најдобро цела ноќ барем еднаш неделно. Но доколку сте склетџија и не можете да спиете така тогаш држете ги барем по час – 2 /3 пати неделно. Со тоа ќе ги одржувате навлажнети петите и нема да дојде до пукање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top