Едно од најдобрите средства за прва помош при изгореници е оцетот. Истурете малку оцет веднаш после повредата и колку побрзо го сторите тоа, толку подобар ќе биде ефектот. После тоа покријте ја раната со газа натопена во оцет.
Друго средство во вакви ситуации е етеричното масло од лаванда. Ако го нанесете веднаш после повредата, тоа ќе го намали ризикот од воспаленија и компликации. Лавандата е добар антисептик но и ја смирува болката.
Исто така добра идеа е и алое вера. Ова растение докажано е многу полезно за кожата. Парче алое се поставува дирекно врз изгореното место, или пак се ставаат облоги од 100% гел од алое.
Облоги од жолт кантарион или невен се исто така многу добар начин за третирање на вакви рани. Кантарионот и невенот се чуваат во стаклен сад во маслиново масло на сонце извесно време. Се нанесува дирекно врз раната како облога.
BabinLEK Lekovite na nasite babi ne gi pobila medicinata do den denes