Конзервираното овошје може да го зголеми ризикот од предвремена смрт. Додека пак, две до три порции свежо и сушено овошје е поврзано со намалување на ризикот од смрт од која и да било причина за 10%, употребата на конзервирано и смрзнато овошје го зголемуваат ризикот за цели 17%, тврдат научниците.
Ова се тврдења на британски научници добиени со проучување на прехранбените навики на 65.000 возрасни лица од В. Британија следени седум години. Тешко е да се определи дали ризикот се зголемува од овошјето во конзерви или она смрзнатото, но едноставно алтернативата е во свежото овошје.
Познато е дека конзервираното овошје плива во висок фруктозен сируп, a претходни студии го поврзуваат поголемото количество фруктоза со висок крвен притисок, холестерол, повеќе килограми, отпорност на инсулин, па ова поврзување и не е толку шокантно.
Смрзнатото овошје пак, по хранливите материи би требало да биде во ранг на свежото. “Додека нема дополнителни шеќери, смрзнатото овошје би требало да биде здраво или барем безопасно“ тврди др. Симон Капвел, професор на клиничка епидемиологија од универзитетот во Ливерпул.