Премногу обилната и нездрава исхрана, која се одликува со голем енергетски внес на маснотии и шеќер е една од најголемите причини за зравствени тегоби и болести кои можат да доведат до мозочен или срцев удар. Овие заситени масни киселини се наоѓаат во мрсното и преработено месо, жолчката од јајцето, како и во црниот дроб.
За да имате здрав организам, се препорачува медитерански начин на исхрана, бидејќи е докажан како најефикасен во борбата против кардиоваскуларните болести. Затоа, јадете свежо овошје, разновиден зеленчук, риба и житарки. За појадок или ужина треба да консумирате јаткасти плодови (ореви, лешници, бадеми) и семки, бидејќи содржат есенцијални полузаситени масни киселини кои се добри за здравјето, а можат да се јадат во свежа состојба.
Мешунките – гравот, леќата и грашокот, се потребни во исхраната, но не ги комбинирајте со месо.
Избегнувајте го додавањето на шеќер, слатките и претераниот внес на сол. Исто така, не се препорачува кафето, особено она со млеко или со шлаг. Повремено е дозволена една чаша вино.
Се препорачува краткотрајна и брза термичка обработка на храната, варена во вода или на пареа, како и печена со малку маснотии. Храната пред да ја обработите, иситнете ја, за да биде термичката обработка побрза.
Важно е да користите ладно цедени масла, особено маслиновото. Ова масло содржи олеинска киселина, која поволно влијае на здравјето на крвните садови.
BabinLEK Lekovite na nasite babi ne gi pobila medicinata do den denes