Жените кои јадат многу овошје и зеленчук имаат помали шанси да добијат срцев удар во споредба со оние кои не ги имаат доволно во нивната секојдневна исхрана, според едно истражување.
Младите жени кои се хранат здраво имаат помали шанси да имаат запушени артерии кои водат до срцев или мозочен удар, во споредба со оние кои имаат помалку избалансирана исхрана.
Но, истото не се однесува и за мажите, а научниците сеуште не знаат зошто е тоа така.
Една студија која опфатила повеќе од 2500 во САД покажала дека жените во своите дваесетти години кои внесуваат помеѓу осум и девет порции овошје и зеленчук дневно, како дел од дневното мени од 2000 калории, имаат 40 отсто помали шанси да развијат т.н. артериска плоча.
Тоа важи и во случај ако останатите животни навики се различни, на пример, ако се пушачи или пијат газирани пијалоци.