Home / бабини рецепти / Бабин лек за исфрлување на камења од бубрег и жолчка

Бабин лек за исфрлување на камења од бубрег и жолчка

Најголем проблем на нашите простори се песок во бубрезите или жолчката. Предизвикан најчесто од вода, стрес или лоша исхрана. Овој бабин рецепт помага и во заштита но и во топење и исфрлување на постојните каменчиња.

slika_bubregСостојки: еднакви количини од сите состојки

  •  259 грама шеќер во прав.
  •  0,25 л ладно цедено маслиново масло.
  •  250 грама лимон со кора
  •  259 грама корен од магдонос (сомелен) и
  •  250 грама мед

Добро измијте го лимонот, а доколку е прскан, исчистете го од хемикалиите. Тоа можете да го направите со растворот за чистење на овошје од хемикалии кој може да го прочитате на следниот ЛИНК.

Откако ќе го исчистите лимонот, исечете го на помали делови и изблендирајте го во блендер. Коренот од магдонос, исечете го, излупете и изблендирајте како лимонот. Измешајте се заедно и додадете мед, маслиново масло и шеќер во прав. Состојките мешајте ги подолго за смесата целосно да се изедначи.

Кај проблемите со бубрезите и жолчката потребно е да се зема една лажица наутро на гладно и една лажица навечер пред спиење. Смесата е потребно цело време да ја чувате во стаклен сад во фрижидер, бидејќи е лесно расиплива. За решавање на повеќето проблеми со песок или камења на бубрезите и жолчката потребно е да испиете две дози. (Откако ќе ја потрошите првата направете уште една смеса затоа што е расиплива, а се прави по 250 г од состојка). Смесата е осмислена и испробана во топењето на камења и е многу делотворна.

Нејзиниот состав е со многу пријатен вкус и е корисен и за други намени, па заедно со лицето кое боледува од овие болести може да ја употребуваат и другите членови од семејството. Многу е важно за време на оваа терапија да се пијат големи количини на течности, најдобро вода. Поделете го овој рецепт со своите пријатели, за да можат што повеќе луѓе да го применат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top