При болки во мускулите – се прават загревачки масажи на целото тело со мешавина од јаболков оцет и маслиново масло во однос 1:6.
При проширени вени – лозови листови се потопуваат во јаболков оцет околу 2 часа и потоа се ставаат врз оштетената зона. Превезот треба да стои една ноќ.
При шилци – се прават облоги од црн леб, натопен во јаболков оцет и се врзуваат со шамија.
При испукани пети и габични инфекции – се прават компреси од памук натопен во јаболков оцет, кој се покрива со најлон. Потоа облекувате дебели чорапи и останувате така цела ноќ. Постапката треба да се повтори неколку пати за да има ефект.