Home / бабини рецепти / Ви се затнува носот често – еве што да направите

Ви се затнува носот често – еве што да направите

Во сезона на настинки, алергии, грип или проблеми со синусите, најголемите непријатности доаѓаат од растечениот нос.

brisenje-nos-300x199Во обид да исфрли се што предизвикува иритација, носот почнува да произведува вишок слуз.

Кога се соочувате со затнат нос, најважно е да го одржите носот влажен. Затоа во вакви случаи сувиот воздух не ви користи за расчистување на носот бидејќи сушењето на слузницата може да доведе до понатамошни иритации.

Во меѓувреме помагајте си со ефикасни домашни лекови:

Врел чај

Еден од најдобрите начини за борба против затнат нос е да се пие многу топол чај. Топлите течности помагаат во разлабавувањето и растекнувањето на затнатиот нос, а истовремено ја ублажува запушеноста и воспалението. Пијте зелен, од нане или чај од џумбир.

Парење

Вдишувањето пареа е одличен лек за затнат нос. Парете се во врела вода во која сте додале три лажици оцет.

Зачинета храна

Одличен лек во борбата против затнатиот нос е консумирањето многу зачинета храна бидејќи таа помага во подобрување на протокот на слузта низ носниот канал. Во тие денови гответе си јадења зачинети со лути чили во прав.

Вода и сол

Земете две шолјички топла вода и една лажица сол и измешајте ги убаво. Со оваа течност измијте го носот и проблемите со затнатоста веднаш ќе исчезнат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top