Home / бабини рецепти / ЕЛИКСИР НА МЛАДОСТА: РЕЦЕПТ ЗА СТАР КИНЕСКИ ЛЕК

ЕЛИКСИР НА МЛАДОСТА: РЕЦЕПТ ЗА СТАР КИНЕСКИ ЛЕК

Во 1971 година експедицијата на УНЕСКО во еден тибетски манастир пронашла рецепт од старокинески хомеопатски лек.

Рецептот е преведен од таблица глина и е објавен на многу светски јазици. Се претпоставува дека лекот за прв пат е направен две илјади години пред новата ера.

kineska medicinaОвој кинески рецепт  го ослободува организмот од штетните материи, ја подобрува еластичноста на крвните садови, спречува инфаркт, склероза, стенокардија и создавање на тумори. Освен тоа ја спречува главоболката и го подобрува видот. Се подготвува и се консумира строго по рецептот и се пие на временски интервал од пет години. Доколку направите грешка во пиењето или пак не ја земете соодветната дневна доза се препорачува да го прекинете консумирањето. За овој лек е потребна голема дисциплина, но резултатите кои што ги добивате по пиењето се неверојатни бидејќи лекот уште е познат и како вистински елексир на младоста.

Подготовка:

Ќе ви бидат потребни 350 грама лук кој ќе го исечкате ситно, а потоа добро ќе го истолчите со дрвен толчник. Во него ставете 300 грама 96 постотен алкохол и потоа префрлете ја смесата во тегла која цврсто ќе ја затворите и ќе ја оставите да отстои 10 дена. Потоа течноста ќе ја процедите низ густа ткаенина и ќе ја оставите уште два до три ден. Откако сте го направиле тоа може да почнете со консумација на лекот според зададената табела.

Овој стар кинески рецепт се пие во капки кои се растворуваат во 50 мл млеко на собна температура. Се пие секој ден за појадок, ручек и вечера. Па така првиот ден за појадок пиете една капка, за ручек 2, вечера 3.

Следниот ден продолжувате со шемата која што ви е дадена на табелата. Кога ќе стигнете до 11-тиот ден започнувате да пиете по 25 капки на секој оброк и пиете сè додека имате од течноста

Idividi.mk

 

 

2 comments

  1. Dali se konsumira druga hrana ili tecnosti koga se prima kineskiot lek Eliksir na mladosta? I ako da dali se pie pred, po ili za vreme na obrokot? Vi blagodaram.

  2. Lekot koj go narekuvate ELIKSIR na MLADOSTA,dali smee sekoj da go pie,zashto ova e tinktura,kade sekojdnevno se zgolemuva kolichestvoto na tinkturata vo mlekoto no ima lujge shto zemaat i eden kup lekovi i nesmeat da zemat ni 1 kapka alkohol a ne 25 kapki,zashto za niv e toa shtetno i kakvo dejstvo ke imaat lekovite koi gi upotrebuvaat?Trebashe da napomenete za ovaj Rp. deka nesmee sekoj da go konsumira shto si ima zdravstveni problemi i kakvi im se zdravstvenite problemi.Iskreno treba mnogu da se vnimava na ovie lujge koi konsumiraat razni,razni lekovi,zashto sepak se raboti za alkohol.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top