Наменета е за болки во било кој дел од телото, како мускулите така и зглобовите, а помага и кај распираторните проблеми и главоболки.
10 капки етерично масло од еукалиптус
10 капки етерично масло од камфор или пеперминт
5 капки етерично масло од каранфилче
60мл екстра-девствено маслиново масло
15г восок
Подготовка:
Измешајте ги восокот и маслиновото масло и ставете ги да се загреат на пареа, на ниска температура. Мешајте со метална лажица додека восокот целосно не се стопи. Не користете дрвена лажица затоа што дрвото го впива маслото.
Кога восокот целосно ќе се стопи, тргнете ја мешавината од шпорет и измешајте ги во неа сите масла.
Сипете ја кремата во мали стаклени теглички и оставете ја да се олади пред да ги затворите.
365.com.mk