Народната медицина препорачува и чај од исушените цветови, кој освен што е вкусен, делува лековито кај настинките и кашлицата. Во свежите мешунки и семки има многу белковини, јаглени хидрати и масти.
Мешунките можат да се конзервираат после сушењето и да се употребуваат како зеленчук. Готвеното семе од багрем може да го замени гравот, а пржено служи како замена за кафе.
Лековит дел на билката: за лек се користи цветот. Багремовата кора е отровна, поради што не треба да се користи на било кој начин. Отровноста потекнува од токсалбумин робинот.
Лековито дејство:
цветот – чај (5 грами на 100 милилитри вода) за полесно искашлување и против воспаление.
Чајот од лист предизвикува излачување на жолчката.