Home / природен лек / Црвениот кромид добар за еден куп болести – еве кои

Црвениот кромид добар за еден куп болести – еве кои

Кромидот е одличен диуретик, бидејќи многу ефикасно ја исфрла течноста од организмот, па поради тоа се препорачува кај болните од артритис, реума, гихт, кај проблемите со бубрези и отежнатото мокрење. Исто така, се користи кај воспаленијата на бешиката и простатата. Го регулира варењето и на тој начин го подобрува излачувањето на желудочните сокови.

Во Кина, каде што луѓето јадат повеќе кромид и лук од било кое друго место во светот, ризикот од рак на стомакот за 40% е помал од просечниот.Кај луѓето што внесувале храна која содржи кверцетин и други флавоноиди е забележан намален ризик за рак на бели дробови, на желудник, на панкреас и на дојка.

crven kromidБУБРЕЗИ

Црвениот кромид ја забрзува работата на бубрезите и излачувањето на мочта, па, помага при воспаление на бубрезите и воспаление на мочниот меур, како и застојот на мочта.УСНА ПРАЗНИНА

Со џвакање на суров црвен кромид и тоа 3-8 минути дневно, усната слуз станува целосно стерилна.

ЕНДОКРИНИ ЖЛЕЗДИ

Црвениот кромид ја забрзува работата на штитната жлезда и на панкреасот, го подобрува и го регулира излачувањето на нивните хормони.

ДИШНИ ОРГАНИ

Црвениот кромид го смирува кашлањето, го забрзува искашлувањето и помага при зарипнатост, грип, воспаление на грлото, воспаление на белите дробови, бронхитисот и астмата.

ЦРЕВА

Црвениот кромид го спречува развојот на штетните микроорганизми на цревната флора, ја штити слузта на цревата и го смирува воспалението на слузта на цревата.

ВАРЕЊЕ

Црвениот кромид го поттикнува апетитот, го забрзува и го регулира варењето, ги отстранува пречките во варењето, како што се, на пример, запекот и подуеноста.

КОСКИ И ЗГЛОБОВИ

Црвениот кромид го забрзува излачувањето на водата и на штетните материи од телото, помага при ревма, артритис и гихт.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top