Home / бабини рецепти / Бабин лек против каснување од комарец или друг инсект

Бабин лек против каснување од комарец или друг инсект

Што е најдобро да ставите на местото од каснување од комарец или некој друг инсект? Секако, за да се ублажи непријатното чувство, ладниот облог со оцет е решение за кое знаеле уште нашите баби и тоа не треба да се заборави.

320387_komarci-02-ifas.ufl_.edu_ff-300x274Tака помалку ќе нанесете некои штетни супстанци.

Дефинитивно, најделотворни се геловите и кремовите со кортикостероиди, aма не е препорачливо тие да се мачкаат без договор со лекар.

Во аптеките можат да се набават разни такви препарати, помалку или повеќе делотворни, aма ако не се неопходни, или ако непријатноста од убодот е поднослива, не е потребно да се мачкате.

Во случај на инфекција која може да се јави по некој ден, особено ако сме го разраниле убодот, потребно е да се стави антибиотска маст.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top