Home / Болести и лечење / Седум органи без кои може да живееме

Седум органи без кои може да живееме

Човечкиот организам е исклутелно издржлив и отпорен. Дури и да останете без делови од некои од виталните органи, има шанса да преживеете.

На пример, луѓето може да живеат релативно нормален живот без скоро половина мозок. Други органи може да бидат отстранети од вашето тело и тоа не мора да има големо влијание на вашиот живот.

Еве без кои органи може да преживее човекот.

Слезинка

Овој орган се наоѓа на левата страна на абдоменот, а најчесто се отстранува при повреда, со оглед на тоа дека е сместена веднаш под ребрата. Слезинката е обвиткана со тенка марамица која лесно се кине, што значи дека крвта може лесно да истече ако дојде до оштетување на слезинката. Ако не се открие на време, оваа состојба може да доведе до смрт. Слезинката се состои од два различно обоени дела. Темно црвениот дел ги складира и разложува црвените крвни клетки, а белиот ги складира белите крвни зрнца и тромбоцитите.

Луѓето може да живеат нормално без слезинката, бидејќи црниот дроб игра важна улога во разложувањето на црвените крвни клетки и нивната компонента, додека другите лимфоидни ткива помагаат во одржување на имунолошката функција која инаку ја врши слезинката.

Желудник

Овој орган е задолжен за една од четирите главни функции во нашиот организам – механичко ситнење на храната и хемиско разложување по пат на лачење киселини. Желудникот се отстранува хирурши поради повреда или појава на канцер. Шансите за успешно заздравување се големи, а исхраната на пациентот е нормална, но се користат витамински суплементи.

Репродуктивни органи

Примарните репродуктивни органи кај мажот и жената се тестити и јајници, кои се во пар. Лицата може да имаат деца, ако една половина од органите престане да функционира.

Дебело црево

Ако лицето заболи од рак или некоја друга болест, тоа може да доведе до делумно или потполно отстранување на дебелото црево. Поголем број луѓе успешно заздравуваат по операцијата, иако пациентите наведуваат дека чувстуваат промени во дигестивниот тракт.

Жолчна кеса

Се наоѓа под црниот дроб, во горниот десен дел на абдоменот, веднаш под ребрата. Камен во жолчка кај многу луѓе не предизвикува никакви симптоми. Но, ја немаат сите таа среќа. Во 2015 година од една Индијка биле извадени 12 илјади камења, што е светски рекорд.

Слепо црево

Се смета дека слепото црево служи за складирање на „добри бактерии“ во организамот со цел нивна репопулација во случај на оштетување на цревната флора. Лицата на кои им е отстрането слепото црево не чувствуваат никаква разлика во квалитетот на животот и немаат никаков посебен режим на исхрана.

Бубрези

Улогата на бубрезите е филтрирање на крвта, со цел одржување на оптималната количина на вода и електролити во организамот, како и одржување на кисело-базна рамнотежа. Постојат многу причини поради кои некому може да му биде отстранет бубрегот – наследна болест, оштетување предизвикано од конзумирање дрога или алкохол, па дури и од инфекција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top