Освен што ја подобрува работата на дигестивниот систем, мандарината го уништува холестеролот, а е одлична и за линијата. Ќе им помогне на оние кои сакаат да ослабнат, но и на оние кои сакаат да ја задржат добиената линија.
Во есен потребно е во телото да се внесува што повеќе витамин „Ц“ кој го штити телото од грип и настинки, а најдобар избор, според нутриционистите, се мандарините. Тие содржат двојно повеќе витамин „Ц“ отколку портокалите, а богати се со фолна киселина и бета каротен, кои се неопходни за здраво варење.
Против лош холестерол
Мандарините се одличен извор на пектин кој спречува апсорбција на холестеролот на ѕидовите на крвните садови, а со самото тоа спречуваат и појава на дебелина.
Чувство на ситост
Освен витамини, ова есенско овошје е богато и со влакна и вода кои овозможуваат долготрајно чувство на ситост. Пектинот во мандарината спречува раст на нивото на шеќерот во крвта, а со тоа спречува и чувство на глад.
Против масна кожа
Мандарините содржат антиоксиданси кои спречуваат ослободување на слободни радикали и пукање на кожата, па се одлични за нега на лицето. Особено се делотворни етеричните масла. Тие помагаат кај масна и проблематична кожа, така што го контролираат лачењето на себумот и ги чистат затворените пори на лицето.
Благодети на етеричното масло
Етеричното масло од мандарина делува антисептички, ги убива бактериите и спречува воспаленија. Помага и во чистење на организмот од токсини, особено во црниот дроб и поттикнува поголема апсорбција на кислород во организмот. Се користи како помош при несоница, стрес, напад на кашлица и грчеви во мускулите. Доволно е со маслото да ги измасирате слепоочниците, односно болните точки.
Може да се консумира орално во комбинација со шеќер или да се нанесе директно на кожата.
Точка.ком.мк
BabinLEK Lekovite na nasite babi ne gi pobila medicinata do den denes