Лекарите постојано предупредуваат колку е храната важна за нашето здравје. Сепак, денес повеќе не можеме да бидеме сигурни што е навистина здрава храна, бидејќи доста производи се генетски модифицирани.
Познат американски онколог посебно предупредува на четири видови намирници за кои се сомнева дека се канцерогени, бидејќи постојат индиции дека во 99 отсто од случаите се затруени и модифицирани.
Чадена и кисела храна
Проблемот со овие намирници е тоа што содржат многу нитрати и конзерванси за кои се знае дека не се здрави, а научниците пронашле и некоја поврзаност со настанување на рак.
Преработено месо и храна од скара
Големите количини на сол и адитиви се причина на овие намирници да им кажете „Не“. Впрочем, дури и Светската здравствена организација потврди дека преработеното месо може да биде причина за појава на рак.
Бело брашно
Научниците тврдат дека рафинираното бело брашно не е здраво поради големата количина на јаглехидрати која ја содржи, а токму тоа е она што може да предизвика настанување на рак во телото или да го храни доколку тој веќе постои.
Соја
Сојата е производ кој е најчесто генетски модифициран. Експертите предупредуваат дека е многу тешко да се пронајде соја која не поминала низ штетните процеси на обработка и затоа строго водете грижа каде ја купувате.